22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДС: Посетата на Јенс Столтенберг е од исклучителна важност

Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.

„Македонија беше лидер на демократските реформи во Балканот, носител на Јадранската група за влез во НАТО, учествуваше и учествуваа со воени сили во повеќе меѓународни мировни мисии (Ирак, Авганистан, БиХ, Либан и др.), во 1999 година прифати над 500.000 бегалци од Косово, Криволак е своевиден вежбовен центар и ги заврши сите значајни реформи во одбраната согласнo стандардите на НАТО. Евроатланските процеси се движечка сила и неспорно е дека се направени крупни промени“, велат од ДС.

Поради сè што е направено, како и цврстата граѓанска определба и решеност за влез во НАТО и ЕУ, ДС го повикува Столтенберг, да направи сè што е во негова моќ за Република Македонија да стане 30-та членка на НАТО.

„Приемот на Македонија во НАТО, ќе придонесе и за стабилизација на Балканот, како и услови за демократски и економски развој на сите држави од регионот. Општиот политички и граѓански консензус, се гаранција дека Македонија ќе продолжи со демократските реформи и ќе етаблира систем на владеење на правото, како и целосно почитување на основните човековите права и слободи“, велат од ДС.

Спонзорирано: