16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев и Борисов телефонски разговараа за ратификацијата на договорот

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во телефонскиот разговор по ратификацијата во македонскиот парламент оцениле дека договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу двете земји.

„Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека договорот гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот, врз база на европските вредности“, се вели во соопштението објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Во него се додава дека Заев му посакал успех на Борисов во претставувањето на приоритетите на бугарското претседателство на Советот на ЕУ утре во Стразбур.

Спонзорирано: