23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

Македонија е оценета како делумно слободна во најновиот извештај на американската невладина „Фридом хаус“. Од земјите во регионот со иста оценка се и Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Бугарија, Србија и Хрватска се оценети како слободни држави, а неслободна е оценета Турција. Во извештајот меѓу земјите што можеби се приближуваат до значајни пресврти во својата демократска траекторија и заслужуваат посебен надзор во текот на оваа година е наведена и Македонија.

Понатаму, се оценува дека македонската демократски избрана, етнички инклузивна Влада, се обидува да ја искорени корупцијата, како и другите системски злоупотреби кои се зголемија со скандали во претходната влада. Тука е и решавањето на спорот за името со Грција, која го попречува патот на земјата кон членство во ЕУ. Во Македонија, како што се наведува, медијацијата од Вашингтон и Брисел помогнала во решавањето на долгогодишната политичка криза отворајќи го патот за нова демократски избрана влада.

Од 195 држави, 49 не се слободни, 58 се делумно, а 88 се слободни.

Спонзорирано: