17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Бочварски: Меѓу приоритетите е гасификацијата на општина Штип

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс, при што се разговараше за тековните активности и проекти на Општина Штип, инфраструктурните подвизи за целосен и еднаков развој на целата територија на општината, како и напорите на новата локална администрација да им обезбеди поквалитетен живот на штипјани, чиста вода за пиење, еколошки безбедна животна средина и сл.

Градоначалникот Бочварски истакна дека меѓу приоритетите е гасифицирањето на општина Штип, што ќе придонесе за големи енергетски заштеди и еколошки чиста средина.

Заменик-амбасадорот Едвардс ги поздрави напорите на новата локална администрација да го развива дијалогот со граѓаните преку дебати на ниво на урбани заедници за формирање на буџетот за 2018 година, како и неодамнешната дебата за наоѓање сообраќајни решенија. Новиот концепт на новата локална власт за општина отворена за сите граѓани беше поздравен и охрабруван за во иднина.