23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ја купил вилата на Пабло Ескобар и во неа пронашол сеф тежок 600 килограми!

Работниците кои ја рушеле некогашната вила на Пабло Ескобар на Флорида, пронашле 600 килограми тежок сеф кој се уште не го отвориле, пишува Би-Би-Си.

Новите сопственици на вилата, Christian de Berdouare и неговата жена Jennifer Valoppi ангажирале професионални трагачи на богатство, како би поминале низ рушевините – имено, Ескобар е познат по тоа што на своите имоти често криел огромни количини пари кои просто не можел да ги испере низ некои легални бизниси бидејќи биле премногу. Освен кеш, низ своите куќи знаел да сокрие и големи количини скапоцени камења.

На почетокот на 90-тите Форбс покојниот наркобос го проценил на 30 милијарди долари, а тој самиот своевремно на колумбиските власти им понудил да го отплати надворешниот долг на државата како би го оставиле на мира.

Кога ќе се земе тоа во предвид, потегот на новите сопственици на вилата кои тргнале во потрага по богатство не е без логика, што го докажува и пронаоѓањето на сефот.

Работниците ја нашле металната грдосија во еден од темелите на куќата. Сопствениците ќе го отворат сефот далеку од очите на јавноста, кога конечно ќе дознаат дали инвестицијата се исплатила.