5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите – сообраќајот на овој патен правец се пренасочува

Сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп се пренасочува поради отстранување на тешко моторно возило кај клучката Дебреште, соопшти АМСМ.

Оттаму утрово информираа дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег со слаб интинзитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Стража.

Според нивните податоци, намалена видливост поради магла од 50 до 150 метри има на патните правци Лисец – Попова Шапка, Ѓавато, Крушево, Плетвар и Струмица.