17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Mej нема да спроведува нов референдум за брегзит

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, нема да спроведе втор референдум за членство на земјата во Европската Унија, изјави денеска нејзината портпаролка.
Одговорот на Меј следува по големиот број повици за организирање нов референдум.
Претходно поранешниот лидер на десничарската и антиевропска партија УКИП и најголемиот заговорник за брегзит, Најџел Фараж, изјави дека се загрева да идејата за одржување втор референдум наведувајќи дека и тоа гласање ќе донесе победа за опцијата „излез од ЕУ“.
Тој исто така рече и дека на Британците не им биле пружени сите информации пред одржувањето на првиот референдум.