17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Реконструиран железничкиот граничен премин во Гевгелија

Како дел од проектот за подобрување на условите за работа на полициските службеници, целосно е завршена реконструкцијата на објектот на Железничкиот граничен премин во Гевгелија. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на реконструираниот објект изјави дека заложба на МВР е да ги подобри условите за работа на полицијата.

„Целосната инвестиција на МВР е во висина од околу 3,5 милиони денари за овој објект со некаде околу 1.500 квадратни метри. Полицијата треба да биде добро опремена, да има добри услови, а на основа на тоа да бараме и подобра работа, подобра ефикасност и зголемена безбедност на граѓаните на Република Македонија. Вакви проекти ќе имаме во текот на целата 2018 година“, рече министерот Спасовски потенцирајќи дека не е исто на работа да се оди во стара униформа и во работни простории што се граничат со супстандардност или да се оди на работа со обезбедени услови за работа според сите стандарди.

Во буџетот на МВР за 2018 година одвоени се 30.000.000 денари со кои ќе бидат уредени и реконструирани полициските станици во државата.

Министерот Спасовски при посетата на Гевгелија оствари работна средба и со градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.