5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Британската војска со порака до регрутите: Во ред е да бидете геј, да се молите или да плачете

Британската армија објави нова серија реклами за регрутација на војници во кои се вели дека е во ред да плачат, да бидат хомосексуалци или да ја практикуваат својата вера, во рамки на иницијативата во вооружените сили да се ангажираат луѓе со различни позадини и поинаков поглед на светот.
Кампањата на телевизија, радио и интернет вредна 1,6 милиони фунти, покренува прашања од типот „Дали можам да бидам геј во војска?“, „Морам ли да бидам суперхерој за да станам војник?“ и „Што ако се расплачам во војска?“.
„Британските вооружени сили во целина прават големи напори за градење на ЛГБТ работна култура во своите редови“, рече портпаролката на британската ЛГБТ фондација.
„Кога луѓето се слободни да бидат она што се, тие можат да напредуваат во избраната кариера и да го дадат најдоброто“, додава таа.
Минатата година британската армија регрутирала 30 отсто помалку војници отколку што планирала. Од 112.000 регрути во 2003 година, овој број паднал на 80.000 минатата година, објави владата.
Сепак, Ричард Кемп, поранешен командант на британските операции во Авганистан, смета дека оваа кампања нема да го реши проблемот.
„Армијата, како и остатокот од владата, е принудена на политичка коректност“, изјави тој за „Би-би-си“.
„Повеќето луѓе кои сакаат да и се приклучат на армијата не се грижат особено дали ќе бидат прифатени од останатите… Единственото нешто кое е привлечено за нив се вооружените борби“, додава тој.
Спонзорирано: