5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Во Швајцарија заробени 13.000 туристи

Поради снежната бура, попратени со снежни удари на ветер, околу 13.000 туристи се заглавени во Зермат, популарниот скијачки центар во Швајцарија. Локалните власти предупредуваат на „многу големи лавини“.

Во соопштението објавено на сајтот на скијачкиот центар предупредуваат на можен недостаток на струга во целиот град.

Полицијата вчера наутро ги затвори патиштата кои водат до таа област, а во вечерните саати беа откажани и возовите.

Скијањето и планинарењето е забрането во таа област која се наоѓа на 120 километри од Женева.

Портпаролката на Зермат, Жанин Имеш, за „Ен-би-си“ њус рекла дека моментално во таа област има околу 13.000 туристи и дека ситуацијата е под контрола./ Извор: Мета.мк

Спонзорирано: