5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Одлична понуда од Vip

Во периодот на празници, зимскиот училиштен распуст и зимските одмори, Вип ги потсетува корисниците кои патуваат во странство за роаминг пакетите со кои можат да сурфаат опуштено и притоа да имаат целосна контрола над трошоците.
„Постпејд корисниците на мобилната телефонија можат да одберат пакет Vip Roam Surf 200 или Vip Roam Surf 500 со кои добиваат мобилен интернет за само 249 денари за 200 MB, односно 500 MB за 499 денари“, информираат од мобилниот оператор.
Пакетите се активираат со испраќање СМС-порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500 во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети или да продолжат да користат интернет по намалени цени.
„Со цел да уживаат во придобивките за користење интернет по најповолни услови при престојот во странство, сите постпејд корисници на мобилната телефонија можат да ги користат роаминг пакетите на Вип со кои несаканите трошоци стануваат минато бидејќи откако ќе биде истрошен вклучениот интернет во пакетот, пристапот до интернет автоматски ќе биде прекинат. Ова превентивно исклучување трае 30 дена од активирање на пакетот. За да може корисникот да продолжи да користи интернет во роаминг, може да активира дополнителен роаминг пакет“, информираат од Вип.
Пакетите Vip Roam Surf 200 и Vip Roam Surf 500 важат во следните земји и оператори: Вип мобиле Србија, М-тел Бугарија, Водафон  Албанија, Випнет Хрватска, Водафон Грција, Водафон Турција, A1 Австрија, A1 Словенија, Велком Белорусија и FL1 Лихтенштајн.  Повеќе информации и детали корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб-страницата на Вип.