16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во бомбашки напад во Сирија убиени 25 лица

Во напад со автомобил – бомба во сирискиот град Идлиб загинаа најмалку 25 лица, а стотина се ранети.
Меѓу загинатите има четири деца и 11 жени, соопштија претставници на сириската Цивилна одбрана, организација позната и како „Бели шлемови“. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија информираше дека билансот е жртвите е 34 лица, меѓу кои има 18 цивили.

Активистите соопштуваат дека нападот се случил синоќа врз канцеларијата на екстремистичката група Аџнад ел Кавказ, која ја сочинуваат странски борци од Кавказ. Идлиб е главен град на истоимената сириска провинција која ја контролираат неколку бунтовнички фракции, вклучувајќи и организација поврзана со Ал Каеда.

Спонзорирано: