17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре без струја ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба и Ѓорче Петров

Без електрична енергија утре, 9 јануари, ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Центар, информира Регионалниот центар за ушравување со кризи Скопје.

Прекинот ќе биде поради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 9:00 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Среќко Пужалка бр. 5, 7, 9, 11, ул. Камник, ул. Среќко Пужалка бр. 15 (околни куќи) и Среќко Пужалка бр. 31, ул. Товарник, ул. Среќко Пужалка (непарни броеви), ул. Антон Попов бр. 67, 69, 71, 73, 75.

Во среда, пак, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од с. Волково и с. Орман и од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Цицо Поповиќ, дел од ул. Пролет како и објектите со бр. 10А, 29, 31 и 33.