8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Отец Пимен: Христос се роди и за оние кои возат џип, и за оние кои одат пешки и кои палеа и не палеа оган

По повод големиот и тежок христијански празник Божиќ, Отец Пимен се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

– Христос се роди и за оние кои палеа огнови, но и за оние кои не палеа. И за оние што возат џипови, и за оние кои одат пешки. И за оние кои традицијата ја издигаат над верата, но и за оние кои опоменуваат дека во верата нема компромис. И за оние кои ги напуштиле своите огништа, но и за оние кои останале во нив и по цена на животни закани, напиша тој.