17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

МИСТЕРИЈА: Огромен авион снимен на дното од езерото?! (фото,видео)

Авионот кој се појавил на дното од езерото Харијет во Америка предизвикал огромно внимание. Откако бил откриен на фотографиите од сервисот “Google Earth”, веднаш започнале да се шират теории на заговор, но мистеријата на крајот била решена.

Откако биле објавени фотографиите, никому не било јасно од каде авион на дното на езерото, кога во околината немало пријавено исчезнување на авион.

Станува збор за голем патнички авион, на кој јасно се гледаат два мотори, а кој на општо изненадување е во едно парче.

Техничарите од “Google” ги анализирале фотографиите по бројните пријави на граѓаните и утврдиле дека станува збор за “технички дефект”. Патничкиот авион влегол во кадарот кога сателитите го снимале теренот.

– Накратко, секоја сателитска снимка која ја гледате на нашите мапи, е всушност компилација од неколку снимки. Објектите кои брзо се движат, како што се авионите, често влегуваат во некоја од фотографиите, кои подоцна се користат за приказ на одредени области. Кога тоа ќе се случи, дел од тие објекти може да се видат на објавените мапи, рекла Сузан Кадрека, портпарол на “Google maps”.

Теоретичарите на заговори не веруваат во ова објаснување и тврдат дека под езерото се наоѓа голем аеродром, кој во случај на војна ќе биде откриен и активиран, пренесе Блиц