17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Родители од Хрватска не ги пуштаат децата да сведочат против учител по веронаука

Родителите на учениците што ги подучувал учителот по веронаука Крешимир Багариќ од Хрватска, а кој несоодветно им се обраќал за време на проповедите, им забраниле на своите деца да сведочат за целиот случај.

Според хрватските медиуми, тие не им дозволуваат на истражните органи да ги сослушаат учениците во основно училиште „Матија Губец“, во кое работел Багариќ.

На снимката што ја објавија хрватските информативни портали може да се види како предавачот за време на наставата го фали ликот и делото на Ратко Младиќ и вели дека требало да се убијат Иво Јосиповиќ, Стипе Месиќ и Весна Пусиќ. Сепак, овие снимки судот ги оцени како невалидни докази.

Како резултат на тоа, неопходно е учениците само да потврдат дека Багариќ сето тоа го кажал за време на наставата со цел против него да биде поведена кривична пријава.

Судот му одреди на Багариќ притвор во траење од 15 дена со цел да не може да им влијае на сведоците, а „Телеграм“ наведува дека е предложено испитување само на еден сведок, по што Багариќ ќе може да биде ослободен.

Спонзорирано: