7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД повикаа на итна седница во ОН за Иран

САД го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации и Советот за човекови права на ОН да одржат итен состанок за Иран, каде што повеќе од 20 лица загинаа, а стотина се уапсени во повеќедневните демонстрации.

„ОН мора да се огласат за тоа прашање“, смета американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Белата куќа им изрази поддршка на демонстрантите што протестираат против иранската влада.

„САД го поддржуваат иранскиот народ и го повикуваат режимот да ги почитува основните права на граѓаните мирно да ја изразат својата желба за промени“, изјави портпаролката на Балата куќа, Сара Хакаби Сандерс.

Се работи за најголеми демонстрации во Иран од оние што следува по спорните претседателски избори во 2009 година.

Спонзорирано: