17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија за Нова година – маж се самоуби по неколкучасовна полициска опсада во неговата куќа во главниот град на Хрватска

Од раните утрински часови траеше полициска опсада на семејна куќа во Загреб, каде еден маж се закануваше дека ќе се убие, а полицајците не успеаја да го одвратат од намерата. На крај, тој се уби, јави Indeks.

Полицајци со оружје од рано утрото беа околу куќата, ја блокираа улицата и се обидоа да преговараат со него и да го одвратат од намерата за самоубиство.

Преговарачите не успеаја да го натераат да се предаде.

Опсадата траеше со часови, а како што се дознава неофицијално, тој сепак извршил самоубиство. Загрепската полиција најави детали подоцна во текот на денот.

Спонзорирано: