10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рохани: Иранскиот народ ќе им одговори на измамниците и бунтовниците

Иранскиот народ ќе им одговори на измамниците и бунтовниците кои претставуваат малцинство, наведе претседателот на Иран, Хасан Рохани по ноќта што ја одбележаа протестите во кои загинаа десет лица.

Претседателот на Иран преку соопштение порача дека на економијата во земјата ѝ се потребни реформи, додавајќи дека народот треба да остане обединет и дека Владата е подготвена да се соочи со проблемите.

Иранската државна телевизија пренесе дека денеска припадниците на силите за безбедност ги поттиснале вооружаните демонстранти, кои се обиделе да преземат контрола на неколку полициски станици и воени бази.

Телевизијата наведе дека 12 лица загинале во демонстрациите, вклучувајќи ги и оние 10 од синоќа.

Антивладините протести кои започнаа поради зголемувањето на цените во земјата, се одржуваат веќе пет дена во неколку градови низ Иран.