10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Настрада полицаец за време на протестите во Иран

Еден полицаец е убиен за време на протестите во Иран, а тројца се повредени, изјави портпаролот на иранската полиција Саид Монразер ал Махди.

Се работи за први жртви од редовите на полицијата откако во четвртокот започнаа антивладини протести во Иран.

„Еден демонстрант ја искористи ситуацијата во градот Наџафабад и пукаше во полициските сили со ловџиска пушка. Последица од тоа се тројца повредени и еден мртов полицаец“, изјави Ал Махди.

Иранската државна телевизија пренесе дека 12 лица загинале во демонстрациите, вклучувајќи ги и оние 10 од синоќа.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани во текот на денот изјави дека иранскиот народ ќе им одговори на измамниците и бунтовниците кои претставуваат малцинство во земјата.