11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

40.000 домаќинства без струја во Франција поради Кармен

Снежната олуја Кармен остави без струја околу 40.000 домаќинства во Бретанија, во западна Франција.

Бурата го погоди атланскиот брег во Франција, а националната метеоролошка служба предупреди на удари на ветар до 140 километри на час.

Засега не е забележана поголема материјална штета.

Крајбрежните градови го откажаа традиционалното новогодишно пливање во студеното море.

Се очекува бурата во текот на следните денови да се насочи кон Германија.