23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Провалил во продавница, зел цигари и оставил пари за нив!

Кога некој навистина сака да запали цигара, ниту затворените врати од продавницата нема да му претставуваат проблем.

Тоа било случај со едно момче од Мексико кое во 3.30 наутро отишло до продавница која би требало да работи 24 часа, но сепак била затворена.

Откако некое време тропал на врата, сфатил дека нема никој и тогаш провалил за да земе цигари.

Според извештајот на полицијата, тој направил штета од 800 долари, а на каса оставил шест долари, колку што чинат цигарите кои ги зел.

Спонзорирано: