10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 20 цивили загинаа во бомбардирање на арапската коалиција во Јемен

Најмалку 23 цивили загинаа во Јемен во бомбардирање на градот Ходеид, што го изведе коалицијата под водство на Саудиска Арабија.

Јеменските безбедносни служби изјавија дека во воздушните напади повредени се осум лица.

Според нивните зборови, огнот зафатил пазар откако била бомбардирана бензиска пумпа што се наоѓала во близина.

Меѓународните организации за човекови права ја обвинија арапската коалиција за бомбардирање на цивилни објекти, пазари, болници и стамбени подрачја ширум Јемен, откако во 2015-та година започна интервенција против шиитските бунтовници Хути.

Во војната настрадаа повеќе од 10.000 цивили, додека земјата е доведена на раб на глад.