5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во казино во Лас Вегас, двајца убиени

Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во хотел-казиното „Аризона Чарли Декатур“ се убиени двајца припадници на обезбедувањето кои истражувале галама во една од собите. Осомничен за пукањето е маж, кој подоцна пукал во себе, по што се наоѓа во критична состојба.

Мотивот за нападот не е познат, но истражителите претпоставуваат дека се работи за изолиран инцидент, пренесува „ЕјБиСи њуз“.

„Сакам да знаете веднаш дека ова нема никаква врска со тероризам“ изјави полицискиот капетан Роберт Пламер.

Американската телевизија пренесува дека пукањата се случиле вчера во утринските часови по локално време и дека осомничениот Кристофер Олаг, побегнал од хотелот и се обдел да влезе во две куќи, но луѓето кои живеат таму, го спречиле во тоа.

Во првата куќа, тој се обидел од станарите да земе клуч од автомобил и да побегне, а се обидел и да украде возило кое се наоѓало на улицата. Според информациите од медиумите, полицијата го нашла, откако си пукал во главата, во пералница, во која влегол преку гаражата на друга куќа.

Полицијата не го соопшти идентитетот на жртвите, само нагласи дека се работи за маж и жена на возраст од околу 40 години.

Спонзорирано: