8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Снег и поларен студ во Велика Британија, температури од -13 степени

Снежни врнежи предизвикаа проблеми на британските аеродроми и патишта кога островската земја беше зафатена од студен бран.

Во Шкотска на аеродромот во Глазгов во утринските часови кусо дошло до целосен прекин на работата.

Некои летови биле пренасочени кон аеродромот во Единбург, а аеродромот ги повикал патниците преку своите телефони да го проверуваат статусот на нивните летови пред да дојдат на терминалите.

За време од 8 до 10 часа во областа на Глазгов паднал снег во висина од 10 сантиметри, изјавија од британската метеоролошка служба, од каде што дополнително информираа дека Шкотска, Велс и северниот дел на Англија се најмногу погодени од снежни врнежи, чии наноси достигнале 15-ина сантиметри.

Метереолошките служби исто така прогласиле жолто предупредување (второ ниво од 4) поради мразот и снегот во Шкотска и во северниот дел на Англија.

Полицијата ги повика жителите да избегнуваат излегување надвор, а возачите беа предупредени пред патување во автомобилите да стават лопати, ќебиња, вода и храна.

Осигурителната компанија Automobile Association (AA) објави дека примила повеќе од 1.687 повици за дефекти, и тоа пред 10 часот наутро.

Изминатата ноќ беше најстудената во Велика Британија за 2017 година, а температурите паднаа до 12,3 степени под нулата.