14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД со предупредување до косовската влада: Оградете се од заканите за насилство

САД ја повикаа косовската влада јавно да се огради од заканите за насилство поврзани со почетокот на работата на Специјалниот суд за злосторства на ОВК. Предупредувањето на американската мабасада следи два дена по заканата на Даут Харадинај, дека првото апсење за Специјалниот суд, повторно ќе ја активира поранешната Ослободителна војска на Косово.

Американскит амбасадор во Приштина, Грег Делави уште еднаш ги предупреди лидерите на косовските Албанци, дека нивните обиди во парламентот да го соборат законот за Специјалниот суд за злосторства на ОВК, ќе имаат длабоки последици по европската иднина на Косово и односите со САД.

„Разочарани сме од оние кои се подготвени, заради лични интереси, да ги жртвуваат односите со САД и со иднината на Косово“ се наведува во соопштението од американската амбасада во Приштина.

Американската амбасада исто така предупреува и дека заканите за насилство воопшто не се прифатливи, додавајќи дека очекуваат косовската влада јасно да се огради од таквите изјави.

Острото соопштение е второ сериозно предупредување од Американците кон лидерите на косовските Албанци. Делави остро ги предупреди претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на парламентот Кадри Весели, дека Приштина ја очекува глобална изолација доколку Специјалниот суд биде укинат.

Спонзорирано: