17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судијата Митриновски работел нестручно и несовесно, одлучи Судскиот совет

v

Судскиот совет го разреши апелационот судија Јордан Митриновски. „Донесена е одлука со која се утврдува нестручно и несовесно вршење на судиска функција на Јордан Митриновски“, објави Судскиот совет.

Судскиот совет дозволи повторување на постапката против Јордан Митриновски – судијата на Апелациониот суд Скопје, по донесена пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која е констатирана повреда на член 6, став 1 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи. Беше формирана комисија во Советот за спроведување на постапката. Во текот на 2017 година комисијата закажа неколку расправи што ги одложи по барање на Митриновски и неговите бранители.

Митриновски веќе неколку години е во пензија. Тој тврдеше дека е разрешен од поранешниот министер за правда Михајло Маневски бидејќи ја пензионирал неговата сопруга Филимена. На новинарско прашање судијата изјави дека на средба во Владата тогашниот премиер Никола Груевски му побарал да поднесе оставка од функцијата. Митриновски, во 2011 година беше разрешен затоа што дозволил тобако-босот Бајруш Сејдуи да оди во домашен притвор.