17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Големо невреме го зафати регионот – еве што се случува

Силни ветрови ја погодија Босна и Херцеговина. Според податоците на хидрометеоролошкиот институт, брзината на ветерот достигнала до 144 кимлометри на час на повисоките места, а на пониските се регистрирани 60 километри на час.

Бурите, придружени со урагански налети на ветрот, биле особено силни во областа на Сараево и Бања Лука, каде што се пријавени и материјални штети. Властите ја потврдија информацијата за штетите, но истакнаа дека сè уште собираат информации за нивната големина.

Во моментот активиран е жолт и портокалов метеоаларм за силни ветрови на територијата на земјата. Се очекува во наредните денови температурите во земјата да продолжат да паѓаат, а можна е и појава на снег во поголем дел од земјата.