17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев очекува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ утре да се вратат во Собранието

Премиерот Зоран Заев очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.

„Пратеничките прашања утре во Собранието се за пратениците од опозицијата, ако не дојдат, седницата ќе трае кратко. Немам намера долго да одговарам на прашањата на пратениците од власта, иако и тие имаат можност да постават прашања. Ако пратениците на опозицијата не дојдат утре, се надевам дека ќе се појават на седницата по Нова година, закажана на 9 јануари“, изјави денеска премиерот.

Тој потсети дека на вчерашната средба со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се согласиле за многу работи, но не и во однос на надлежноста на партиите. „Судските органи и Јавното обвинителство не се надлежност на партиите, охрабрувам независност во постапките на правосудните органи. Но, стојам на ставот дека, освен мерката притвор, има и други олеснителни мерки бидејќи од оваа мерка на сите ни е преку глава“, додаде Заев.

Спонзорирано: