10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фрчат откази во УБК – еве што се случува

Четворица вработени во Петтата управа на УБК добиле откази од работа во последните шест месеци. Последниот отказ бил потпишан вчера, брифира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој не сакаше да открие дали биле отпуштени поради учество во нелегалното прислушување или поради поврзаност со настаните на 27 април. По промената на власта, некои од вработените во Петтата упарва, пак, самите си дале откази и си заминале од работа.

Бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски не се меѓу отпуштените. Тие сè уште се вработени во УБК, но нивниот статус е во мирување. Спасовски појасни дека тие биле суспендирани и за нив била поведена дисциплинска постапка уште во мај минатата година, но кога функцијата повторно ја презеде Митко Чавков, по еден ден, тој ги вратил на работа. Сега тие се гонат за незаконско прислушување, а се наоѓаат во притвор во Солун поради незаконско поседување лажни патни исправи.

Спонзорирано: