5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин ги предаде документите за претседателската кандидатура

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги предаде до Централната изборна комисија документите за поднесување кандидатура за престојните претседателски избори во земјата.

Централната изборна комисија во понеделникот одби да ја регистрира кандидатурата на лидерот на опозицијата, Алексеј Наваљни. Нему кандидирањето му е оневозможено бидејќи во 2013 година бил кривично осуден за проневера на 16 милиони рубли, што изнесува околу 236.000 евра.

Според истражувачите на јавното мислење во Русија, Путин моментно има поддршка од 80 проценти од граѓаните.

Престојните избори за претседател ќе се одржат на 18 март, а предизборната кампања официјално започна на 18 декември.