17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведувања во Скопје

Полицијата извршила претреси и привела уште четири лица за убиството на 24-годишниот Б.И., кој беше застрелан на автобуска постојка на улицата Џон Кенеди во Чаир пред една недела. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу починатото момче и напаѓалот, кој посегнал по огнено оружје и го застрелал 24-годишното момче. Момчето почина во болница од здобиените повреди, а убиецот побегнал од местото на настанот.

Ден по убиството полицијата приведе три лица и беше пронајден автомобилот „југо“ во кој биле убијците, како и 20 чаури и четири зрна и два мобилни телефона. Полицијата разговарала со роднините, пријателите и луѓето кои биле во контакт со убиениот со цел да се расветли настанот.

Убиството се случи на 20 декември околу 17.40 часот на улицата Џон Кенеди во Скопје, кога од возило во движење е пукано во 24-годишниот Б.И.