17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ќе ја менува систематизацијата за вработување

Министерството за здравство информира дека само еден кандидат кој е дипломиран економист ги исполнил сите услови за вработување согласно со огласот кој беше објавен за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика. Како што информираат, тој дополнително имал и соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција.

„Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати. Во исто време, сакаме да потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која, за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи“, велат од Министерството.

Ваквото соопштение следи по низата реакции на огласот со кој Министерството за здравство бараше да вработи државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, а којшто може да има завршено и историски науки. Во огласот се наведува дека кандидатот треба да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vii/1 степен на образование по историски, економски или правни науки. Огласот беше објавен на 11 декември, а нето платата изнесува 36.855 денари. Од Министерството за здравство тврдеа дека огласот е објавен според Правилник за систематизација на работни места донесен во 2015 година.

Спонзорирано: