23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во Струмица

Струмичката полиција откри околу 8000 парчиња пиротехнички средства.  Пиротехниката била пронајдена во два одделни случаи.  Помалата количина од околу 800 парчиња  полицајците кои претходно веќе имале оперативни сознанија била пронајдена на тезга за прехрана во градскиот пазар. Пиротехничките средства ги набавил 31 годишен струмичанец, а истите на својата тезга во пазарот ги продавал 4 години помлад негов сограѓанин.
– Полициски службеници  извршиле увид и преглед на тезга на која се продават прехрамбени производи во трговски центар во Струмица. При прегледот, под тезгата биле пронајдени вкупно 843 парчиња пиротехничи средства, кои со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени..,, рече Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица.
Против двете лица поднесена е кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во вториот случај полицијата нашла поголема количина пиротехнички средства од 7300 парчиња.  Тие биле пронајдени на улица во центарот на градот, но засега не е познато лицето кое ги набавило.
– На бул. „Маршал Тито“ во Струмица, од страна на полициски службеници, при превземање на мерки и активности за пронаоѓање  на сторители на кривични дела казниви по член 396 од Кривичниот Законик на Република Македонија, биле пронајдени околку 7.300 парчиња пиротехнички средства, вели Рендевска.
Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот. По целосното документирање на истиот ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.