20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тажна вест почина познатата докторка

Вчера во Скопје на 65 години почина професор д-р Дагмар Оровчанец истакнат гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.

Професор д-р Дагмар Оровчанец е родена во Љубљана. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професинолана кариера ја продолжува во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје каде специјализира, докторира и супспецијализира во облата на гастроентерохепатологија.

Како професор на Медицинскиот факултет во Скопје е исклучително посветена на факултетот, на студентите, специјализантите, магистрите и докторандите. Од 2007 година е дел од тимот на приватната болницата “Ре Медика”, Скопје.

Професор д-р Дагмар Оровчанец важеше за исклучителен стручњак во својата област, ценет и почитуван колега, посветен наставник и, пред се, човек во вистинска смисла на зборот. Професор Дагмар Оровчанец е сопруга на поранешниот министер за здравство и политичар, истакнат доктор Ѓорѓи Оровчанец.