5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Крвав инцидент во Скопје – ранет е 17 годишник

На 25.12.2017 година околу 14,30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Цветан Димов“, во близина на паркот во населбата Чаир, во автобус бр.57, дошло до нарушување на јавниот ред и мир на горниот спрат од автобусот помеѓу две групи на малолетници.

Во еден момент од страна на едно лице зададена му била убодна рана со остар предмет во пределот на ногата на 17 годишен малолетник, по што напаѓачот веднаш го напуштил местото на настанот, а повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.