5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите најавуваат промени – еве од кога

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината.

Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност.

Под влијание на влажен бран во четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини од снег.

Претпладне врнежи ќе има на западот, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови.

Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот.

Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.