17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поглаварот на Православната црква на Албанија по цели 25 години доби државјанство

Поглаварот на Првославната автохтона црква на Албанија, Анастасиј Јанулатос, инаку етнички грк, по цели 25 години денешната божиќна миса во Тирана ја одржа како албански државјанин.

Јанулатос во Албанија како прв човек на Првославната црква на Албанија дојде во 1992 година со одобрение на тогашниот комунистички претседател, Рамиз Алија, но неговото барање за албанско државјанство не го доби цели 25 години.

Барањето не му беше прифатено од претседателите Сали Бериша, Реџеп Мејдани, Алфред Мојсиу, Бамир Топи и Бујар Нишани. Најчесто како причина беше наведувано неговото непознавање на албанскиот јазик, но политичките аналитичари во земјата оценуваат дека проблемот повеќе бил од политичка природа.

Давањето албанско државјанство на Јанулатос доби голем публицитет во земјата. Засега коментарите во политичките кругови се скромни и воздржани, но сопругата на претседателот на Албанија, Илир Мета, Моника Криемади, инаку претседателка на партијата Социјалистилчко движење за интеграција, изјави дека Јанулатос ја сака Албанија многу повеќе во споредба со некои албански политичари.

Инаку, во изминатите две декади и во самата Првославната црква на Албанија имаше несогласувања на нејзино чело да биде Грк.

Спонзорирано: