14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Почна малиот новогодишен саем на книги на издавачката куќа „Темплум“

Издавачката куќа „Темплум“ годинава по осми пат го организира малиот новогодишен саем на книги, кој се одржува во ГЕМ Клубот (над „Менада“) од 25 до 29 декември.

На саемот љубителите на книгите ќе може да најдат изданија на: „Темплум“, „Бегемот“, „Готен“, „Блесок“, „Слово“, „Кликер“, „Сигма прес“, „Восток“, „Прајват принт“ итн…

Саемот почна денеска (25 декември) oд 11 часот при што првите десет купувачи ќе добијат подарок: книга по сопствен избор од едициите „Магма“, „Градот“ или „Квир Сквер“…

Вечерва со почеток од 19 часот и 30 минути ќе се одржи и промоција на книгата „Танатополитика и права“ од Вики Младенова, чии промотори ќе бидат и Славчо Димитров и Љубомир Фрчкоски.

Во рамки на малиот новогодишен саем на книгата заклучно со петок ќе се одржат повеќе промоции и настани меѓу кои и доделување на наградата „НОВИТЕ!“ за 2017 година – за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.