25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Андерсон: Шведска е полна, мигрантите нека одат на друго место

Шведската министерка за финансии, Магдалена Андерсон, предизвика критики кај нордиската нација, која се гледа како голема хуманитарна сила, наведувајќи дека Стокхолм ги исцрпел своите ресурси со тоа што зел повеќе бегалци по драматичниот прилив во 2015 година и истакна дека мигрантите треба да најдат среќа на друго место во ЕУ.

Андерсон се истакна со своите ставови против неуспешните процедури на интеграција на земјата, нагласувајќи дека капацитетите на нацијата ја достигнаа границата со мигранстака криза во 2015 година, кога Шведска презеде 163.000 бегалци, пренесе „Спутник“ повикувајќи се на шведски „Дагенс Нихтер дејли“.

Според неа, фокусот мора да биде на оние кои добиле право да останат во Шведска, како и да им се обезбеди сместување, образование и работа.