17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Министерството за култура ја објави неофицијалната верзија на нацрт-акцискиот план за 2018

Министерството за култура на Република Македонија на својата веб-страница ја објави неофицијалната и нелекторирана верзија на првичниот нацрт на акцискиот план за 2018 година за имплементација на Националната стрaтегија за развој на културата во периодот од 2018 до 2022 година.

Нацртот на акцискиот план е подготвен од работната група формирана во Министерството за култура и претставува работен документ кој ги вклучува прифатените предлози од првиот и вториот круг на јавната расправа по текстот, како и предлозите испратени од засегнатите страни на официјалната електронска пошта на работната група.

Министерството за култура го објавува овој документ во неофицијална форма со цел тој да биде побргу достапен до јавноста и сите заинтересирани.

Јавната презентација на нацрт-стратегијата и на нацрт-акцискиот план, пред тие и официјално да се поднесат на усвојување до Владата на Република Македонија, а потоа и до Собранието на РМ, ќе се одржи на 27 декември 2017 со почеток во 11 часот во Музејот за современа уметност во Скопје.