Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Македонија расчисти со режимот на Груевски кој не смее да се повтори

Денешниот датум, 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, порачаа од СДСМ.

„Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари и пратеници.
Таквите долгогодишни политики на сеење страв и омраза од страна на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кулминираа со упад и насилство во Собранието на 27 април годинава“.

„Граѓаните ги препознаа деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија нивното насилничко однесување, избраа промени, заедништво, нови одговорни власти кои работат во интерес на Македонија и нејзините граѓани“.

Преку политиките на заедништво, соработка, добрососедство и инклузивност повторно се градат врвните демократски вредности.

Принципот на едно општество, меѓусебното почитување и соработка се гаранција дека таквите денови се дел од темното минато и не смеат веќе никогаш да се повторат, се додава во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: