16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан: Европа мора да ја брани христијанската култура

Пред Европа годинава е ставена историска задача, а тоа е одбрана на христијанската култура, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Ние Европејците, и да признаеме и да не признаеме, свесни за тоа или не, живееме во култура изградена на Христовото учење“ истакна Орбан во интервју за „Маџар идок“.

Унгарците имаат право да се сметаат себе си за христијанска нација.
„Факт е дека сме христијани и нашата вера не сочувала нас во средиштето на Европа повеќе од илјада години“ нагласи Орбан.

„Многумина се обидуваат да не критикуваат кога ќе слушнат дека луѓето кои се претставуваат како христијани, не им дозволуваат на луѓето од другите делови на светот да имигрираат во Европа“ додава унгарскиот премиер.

Според него, христијанската култура ги дефинира секојдневните вредности на Европејците, начинот на кој гледаат на правдата и на неправдата, односот меѓу мажот и жената, семејството, успехот, работата и честа.

Без разлика дали одиме во црква или не, не сакаме да мораме да славиме Божиќ со спуштени завеси за да не навредиме нечии чувства“ посочи Орбан.

Спонзорирано: