4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Објавен романот „Есторил“ од современиот српски писател Дејан Тиаго-Станковиќ

Во издание на скопската издавачка куќа „Слово“ објавен е романот „Есторил“ од современиот српски писател Дејан Тиаго-Станковиќ. Романот „Есторил“ предизвика големо внимение и одлични оценки во Србија, како и во Португалија, каде што е објавен на португалски. Станковиќ веќе дваесеттина години живее во оваа земја.

Станува збор за одлично напишан и возбудлив роман кој зборува за крупни настани од деновите на Втората светска војна пеку главниот „лик“ – хотелот „Есторил“ близу до Лисабон. Во него, благодарение на португалската неутралност, засолниште од војната наоѓале бројни авантуристи, дипломати, бивши кралеви и богаташи, но и разни шпиони и разузнавачи, меѓу нив и Душан Попов, историски автентичен германско-британски агент, чиј лик му послужил како инспирација на Јан Флеминг за оној на славниот Џемс Бонд.

Ова е втора книга на Дејан Станковиќ објавена на македонски, по книгата раскази „Од каде што бев веќе не сум“.