16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве зошто сите часовници во рекламите го покажуваат истото време!

Дали сте забележале еден детал додека сте гледале некоја реклама за часовници? На секој часовник стрелките го покажуваат истото време.

Обратете внимание на тоа и ќе видите дека во речиси секоја реклама за часовници, стрелките се наместени на 10 часот и 9 минути.

Во некои случаи постои разлика, па стрелките се наместени на 10 часот и 10 минути.

Причината за овие бројки се крие во маркетингот. На овој начин најдобро се истакнува марката на часовникот, пишува ” New York Times”.

Кога подобро ќе погледнете, ќе видите дека марката речиси секогаш се наоѓа во горниот дел, а вака наместените стрелки тоа дополнително го истакнуваат.

Освен тоа, вака поставени стрелки прават облик сличен на насмеано лица па создаваат позитивно чувство кај купувачот.

Барем така тврдат маркетиншките експерти.

Спонзорирано: