5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ќе мора да се соочи со реалноста и да се прилагоди на кинескиот развој

Кинеските државни медиуми објавија дека американско-кинеските односи ќе бидат под „поголем притисок“ по одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го означи Пекинг како ривал.
Медиумите во Кина ја оценуваат одлуката на Трамп како „победа на тврдите струи“ во неговата администрација. Ставот на американскиот претседател „веројатно значи дека кинеско-американските економски и трговски односи ќе се соочат со повеќе притисоци и предизвици“, објави државната кинеска агенција.
Весникот на владејачката Комунистичка партија наведува дека ставот на администрацијата на Трамп бил последица на неподготвеноста на Вашингтон да ја прифати реалноста за кинескиот раст.
Во документот насловен како „Стратегија за национална безбедност“, чии главни точки беа образложени од страна на Трамп се наведува дека „Кина и Русија ја предизвикуваат моќта, влијанието и интересите на САД и се обидуваат да ја поткопаат безбедноста и просперитетот на Америка“.