17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Одлучивте да ги оставите цигарите? Еве што се случува во вашиот организам веќе во првите 20 минути

Одлучивте да ги оставите цигарите? Она што се случува во вашиот организам веќе во првите 20 минути е неверојатно. Секако, процесот зависи од човек до човек. WhyQuit објави интересен хронолошки след на настани по откажувањето од цигарите.

Во првите 20 минути вашиот крвниот притисок, телесната температура и пулсот се враќаат во нормала.

Осум часа откако ги откажавте цигарите, исчезнува тутунскиот здив. Нивото на кислород се враќа во нормала.

Во рок од 24 часа ризикот од срцев удар се намалува.

Во рок од два дена вашите нервни завршетоци повторно почнуваат да се групираат. Способноста за чувство за вкус и мирис се подобрува.

Во рок од три дена полесно дишете. Можете побрзо да одите и да трчате.

По два до три месеци од престанувањето со пушење ви се подобрува циркулацијата. Одењето станува полесно. Капацитетот на белите дробови е зголемен за 30 отсто.

Во време од првиот до деветиот месец од престанувањето со пушење се намалува недостатокот на здив. Енергијата се зголемува.

Пет години по откажувањето од цигарите го намалувате ризикот од рак на белите дробови за 50 отсто. Го намалувате и ризикот од мозочен удар.

Спонзорирано: