Кога Карлос Алонсо и неговата сестра Камино барале куќа за нивното големо семејство, наишле на напуштена штала во рурална Шпанија. Објектот бил запуштен и сместен на висок рид без градски водовод и струја.
Тоа дефинитивно не бил луксузен имот, но братот и сестрата направиле неверојатна преобразба, пишува Little Things.
Задржале многу од старата градба. На пример, фасадата останала обложена со стар камен, а јужната страна која е изложена на сонце им е главен извор на топлина на зима. Освен што после преуредувањето изгледа прекрасно, куќата енергетски ги користи сите природни ресурси!