14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Отишла на заболекар да поправи заб, добила анестезија и се пробудила, а потоа изненадување!

Триесет и осумгодишната Британка Алисон Дајверс доживеала шок откако отишла на заболекар, додека била во Германија.
Несреќната жена отишла кај стоматолог за да поправи заб, а тој и` ги извадил сите заби од горната вилица!
Имено, заболекарот и` дал целосна анестезија, а Алисон по интервенцијата се пробудила без 16 заби. Работата да биде уште побизарна, нејзините извадени заби стоматологот ги оставил во пластична кеса покрај нејзината глава.
– Кога се разбудив бев во шок. Бев бесна. Го прашав зошто ми ги извади сите заби, а тој само повторуваше дека не ме разбира, реккла жената.
Таа вели дека со месеци плачела после ова.
Страшната ситуација се случила кога Алисон имала 25 години. Таа во меѓувреме вградила вештачки заби и вели дека тие импланти буквално и` го промениле животот.