Судот во Манила денеска ги осуди на 30 години затвор нарачателите на најтешкиот политички масакр на Филипините.
Андал Ампатуан Помладиот и четворица припадници на неговиот клан се прогласени за виновни за убиство на 57 лица. Во заседа на југот на земјата во ноември 2009 година и во судири на ривалските политички кланови се убиени и голем број новинари./Makfax